Ако ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ. На Македонија ѝ е потребен нов фундаментален договор поддржан во континуитет од релевантните политички субјекти, независно дали се на власт или во опозиција. Во изминатите 30 години бевме сведоци на уништување на македонската држава, изјави денеска првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев, по повод денешното одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите.

Предлагам да се донесе закон со кој ќе се одземат ингеренции на МОН да изготвува стратегии за развој за образование и наука, или да подготвува реформи во образовниот и научниот систем. Второ, стратегиите реформите во синергија ќе ги подготвуваат МАНУ, универзитетите и стопанските комори. МОН ќе биде обврзан да ги имплементира така подготвените стратегии и реформи“, рече Коцарев.

За преговорите со Бугарија, Коцарев бара широк политички консензус. Инаку, новото барање на Бугарија е да се вметнат Бугарите во македонскиот Устав. Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека не е проблем тоа да се направи, но не мора да се брза. Додека не се тргне блокадата на Бугарија, Македонија не може да почне да преговара со ЕУ. Бугарија го споменува и пописот кој заврши во земјава, и очекува да види големо бугарско малцинство во земјава, алудирајќи на Македонците кои од економски причини земале бугарски пасоши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.