Обвинувам за велепредавство, за изневерување на македонските принципи, за плиткост, за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за немање осет за геополитичка стратегија, за работење против државните интереси.Обвинувам за распаѓање на Македонија по сите основи, по сите шевови.

 

Oва го пишува академик Љупчо Коцарев во дел од колумната за Нова Македонија“.

Обвинувам за поробена Македонија, демакедонизирана Македонија, за тоа што ја предадоа Македонија, онака, доброволно, од ќеф, за грст долари, за нестварен сон, за илузија, за „повисока цел“.Обвинувам за големи лаги, круцијални предавства и празни ветувања што ги направија нашите животи да станат бесцелни, безидејни, нестварни, анксиозни, вознемирени, депресивни, конфузни, очајни.
Обвинувам за помор на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.