Присетувајќи се на зборовите на премиерот во оставка Зоран Заев дека додека дише и го држи памет тој и неговите деца ќе бидат Македонци од Македонија, претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во интервју за Алфа, доректно го обвини за предавство.
Дали се сеќавате на зборовите: „Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред парламентот и да бара промена на Устав заради промена на уставното име“? Тие зборови искажани од државник останаа во меморијата како надеж за достоинствена иднина, но тоа што се случи потоа, промената на Уставот, промената на уставното име, зар не е предавство на татковината, предавство на пријателите, па дури и предавство на Бога и на Исус?“ потенцира академик Коцарев во интервјуто за ТВ Алфа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.