Владејачкото мнозинство може да се раситни, зашто засега владее големо незадоволство во коалицијата, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој вечерва учествува во ТВ-дебата на 24 вести.
Според моите информации, иако господинот Зекири рече дека е очекуваат окрупнување на владејачкото мнозинство сметам дека незадоволството кое што го има помеѓу коалиционите партнери и со кои што индиректно или директно може да доведе до промена на состојбата со бројките и до парламентарното мнозинство, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ при своето гостување на „24 анализа“.
Има огромно незадоволство во коалиционите партнери на СДСМ. И во наредниот период политиката е менлива работа можат да се случуваат различни работи, најави тој додавајќи дека тоа може да се преточи и во давање во бланко поддршка на опозицијата во овој момент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.