Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот, се согласиле коалиционите партнери на денешната средба која следуваше по оставката што премиерот Зоран Заев ја поднесе синоќа по објавување на првичните резултати од локалните избори.
Коалиционите партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Македонија ѝ е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување – се наведува во соопштението.
Како што соопшти Владата, заеднички било констатирано дека на Македонија и на граѓаните на земјата не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.