Повикот на Али Ахмети во Хаг не е случаен, рече во вечерашното гостување во „Само вистина“ лидерот на НСДП и коалиционен партнер на СДСМ, Тито Петковски. Според него, предлогот на ДУИ за Албанец-премиер е невешт предизборен обид да се добијат повеќе пратеници.
Луѓето велат за време на избори и на риболов се лаже најмногу. Така тие сега признаваат дека би направиле концесија, но сега има дру елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ – го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото, посочи Петковски.
Според Петковски преговорите за ново парламентарно мнозинство ќе одат тешко, а иако е убеден дека ќе има Влада, вели дека не знае каква ќе биде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.