Во јавноста излегуваат се повеќе потврди за очигледната поврзаност на власта и нејзините партнери со криминалците што добија македонски документи.

Последен на долгата листа е претседателот на Турската демократска партија (ТДП), кој коалиционен партнер на Заев и актуелен пратеник во собранието на Република Македонија, кој имал блиски средби со турскиот мафијашки бос, Седат Пекер.

За блискоста меѓу нив двајца говори и нивната заедничка фотографија, што ја објавил самиот Пекер.

Претходно, на социјалните мрежи се појави видео како пратеникот од коалицијата на СДСМ, Енес Ибрахим релаксирано се шета низ Старата Чаршија со Пекер, кој е еден од најбараните турски мафијаши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.