Логичен, прагматичен и политички исправен чекор е коалицијата на Мицкоски со Села и Гаши, сметаат експертите кои говореа за  Сител. Според нив, таа носи значителна промена на политичката сцена рушејќи го последното табу во македонската десница и етничката поларизација во македонската опозиција.

За аналитичарите нема дилема дека заедничкиот настап на Мицкоски Села и Гаши значително ќе им ги смени пресметките на Заев и Ахмети.

За изјавата на премиерот Заев дека нема сила која ќе ги натера гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за кандидатите на Села и Гаши и обратно, Небиу вели дека е класичен предизборен фолклор.

Аналитичарите сметаат дека сега и двата политички блока тргнуваат од иста стартна позиција па на овие избори очекуваат големо влијание на резултатите да има квалитетот на кандидатурите и начинот на кој ќе се води кампањата.
Мицкоски, Села и Гаши вчера се договорија за заеднички настап на изборите уште во првиот круг на начин што нема да кандидираат свои кандидати во општините со мешан етнички состав каде што реално, немаат шанси за победа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.