Додатокот на попреченост од 7.100 да се покачи на 12.000 денари, посебниот детски додаток да се зголеми од 5.100 на 10.000 денари, додатоците да се изедначат со минималната плата во државата во следните две години, да се симне границата од 26 на 18 години и да се направи регистар за лица со попреченост, дневни центри и центри за рехабилитација, се барањата од Коалицијата Менуваме.
Денес, во услови на пандемија се распаѓа пред се СОЦИЈАЛНИОТ процес, паралелно со тоа и СОЦИЈАЛНАТА СИГУРНОСТ на децата и лицата со попреченост и нивните семејства, т.е. БЕЗПОМОШНИТЕ.
Предложеното НЕПРИСТОЕН предлог од 15% покачување на додатокот од 2022 од страна на Јагода Шахпаска министерка во Министерство за труд и социјална политика
Пред се, невозможно е, се поставува прашањето
Јагода Шахпаска дали предлагачот на овој начин на презентирање ги познава проблемите и потребите на децата и лицата со попреченост и нивните семејства.Има уште многу точки кои можат да се одбележат, што генерално укажува дека овој начин на НЕ ПРИСТОНИОТ ПРЕДЛОГ 15% не е доволно стручно размислуван, разработен од страна на предлагачот Јагода Шахпаска
Децата и лицата со попреченост и нивите Родители не можат да замислат ДЕКА СЕ ПОМНОЖЕНИ ПОД 0 во никој случај.
Коалицијата МЕНУВАМЕ согледувајќи ја состојбата во СОЦИЈАЛНАТА ПРАВДА на децата и лицата со попреченост и нивните семејства заради настанатата ситуација со протестите и барањата, остваривме средба со сите засегнати страни, почнувајќи од децата, лицата со попреченост, родители и завршувајќи со надлежните органи во Министерство за труд и социјална политика
, Влада на Република Македонија
И Вила Водно – Претседател на Република Македонија Стево Пендаровски
Од повеќе неделните протести произлезе овој предлог како да се продолжи со неопходнота СОЦИЈАЛНАТА СИГУРНОСТ на децата и лицата со попреченост и нивните семејства во новонастанатата ситуација:РЕШЕНИЈАТА СЕ СЛЕДНИ!!!
1 БАРАЊЕ
Покачување на додаток на попреченост од 7.100 на 12.000 денари.
1.1 Посебниот детски додаток да се покачи од 5.100 на 10.000 денари.1.2 Додатоците да се изедначат со минималната плата во Државата во следниве 2(две) Години.
2 БАРАЊЕ
Симнување на границата од 26 на 18 Години.
3 БАРАЊЕ
Регистар за лица со попреченост, дневни центри и центри за рехабилитација.
ЦЕНИМЕ, СЕГА И ВЕДНАШ!!!
Македонија ја има ратификувана конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост
1-Гарантирање на соодветен стандард на живот за лицата со попреченостКомитетот при ООН за правата на лицата со хендикеп по основ на имплементација на член 28, став 45 посочува со цел да се гарантира соодветен животен стандард на лицата со попреченост, преку компензации во форма на паричен додаток кој би овозможил лицата со попреченост да можат да ги покријат трошоците поврзани со попреченоста: државата да ги укине одредбите за лицата со попреченост кои според возраста ги квалификува да пристапат до социјални бенефиции, да алоцира одредени парични додатоци и надоместоци за децата со попреченост: да обезбеди итна материјална помош за биолошките и згрижувачките семејства, како и препораките од член 19 став 32, да усвои мерки преку кои ќе се осигура дека лицата со попреченост имаат законско право на доволен личен буџет за независно живеење, да ги земе во предвид дополнителните трошоци кои се однесуваат на попреченоста…Од овие причини, бараме зголемување на износот на СИТЕ ДОДАТОЦИ ПО ОСНОВ НА ПОПРЕЧЕНОСТ КАКО И ПОСЕБНИОТ ДЕТСКИ ДОДАТОК. Истовремено, да им се овозможи можност да ги покријат трошоците кои се поврзани со попреченоста (вклучувајќи и не ограничувајки се на лекови, суплементи, физикална терапија, сензорни соби, помошни помагала и слично, соодветно на состојбата и возраста на лицето), а и да можат активно да бидат вклучени во целокупниот општествен живот (што вклучува транспорт, влезници/котизации, финансиска можност за негување на интереси и хобија).
ВРЕМЕ Е…
ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ од 1 9 2021 ИЗЛЕГУВАМЕ НА УЛИЦА СЕ ДО ОСТВАРУВАЊЕ НА БАРАЊАТА!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.