Коалицијата МЕНУВАМЕ со особено внимание, почнувајќи од Март месец 2020  па се до денешен ден, ја следи состојбата  во процесот на пандемијата КОВИД 19 на децата и лица со попреченост во услови на ковид пандемија

Во изминатите  неколку месеци ниту со една реченица не беа спомнати децата и лицата со попреченост, родителите и асистентите како дел од целокупниот процес од страна на релевантните фактори  кои секојднево лиферуваат соопштенија преку медиумите.

И не само децата и лицата со попреченост, туку и семејствата и асистентите.Таквата состојба  се уште трае, што може да се протолкува како неподготвеност, незнаење или страв од неуспех на Влада на Република Македонија,   и  Министерство за здравство и  комисијата за заразни болести

Јавноста е во исчекување, родителите се во исчекување, децата се во исчекување, аситентите се во исчекување и така до бескрај.

Преовладуваат две опции:

Ограничено движење или  неограничено движење со почитување на мерките. Неспорно е дека  неограничено движење е неопходно потребно заради спецификата на нивната попреченост и не е претенциозно да се каже дека потребите на децата и лицата со попреченост во многу се врзани за индивидуалната функција под контрола со примена на  метод согласно функционалноста\ Тоа кај ограниченото движење е невозможна мисија.

Децата и лицата со попреченост  повеќе што децата и лицата со особено задоволство идат во  моловите, кафичите, рестораните, спортските натпревари и др каде што се наоѓаат себеси при што имаат директен пристап на разни информации и потреби, изразување на нивната способност, потреби, желби, чувства и социјална партиципација

Тоа придонесува за подобрување на нивната самостојност, успех во дружењето, самопочитување, позитивните ставови и чувство на успешност на децата и лицата со попреченост.

Доаѓаме до клучното прашање кое што се однесува на пренесување на заразата. Одговорот е едноставен: носење заштитна опрема, почитување на протоколите и се ќе биде во ред. Редовна дезинфекција на просториите, опремата, самодисциплина, а неа је имаат децата и лицата со попреченост, тие се послушни, внимателни, исполнителни и свесни за проблемот.

Но, проблемот си го наметнуваат самите  себеси од страв, од незнаење, од неинформираност надлежните фактори кои се неодлучни и топката ја префрлуваат едни на други. Неодговорно е децидно да се кажува дека ќе се случи ова или она а притоа немајќи стратегија за справување со проблемот.

Социјализацијата е еден огромен кош во кој се ставени сите заедно. Ние како коалиција предлагаме НЕОГРАНИЧЕН начин на изведување на КОВИД МЕРКИТЕ кај децата и лицата со попреченост.

Со оглед на тоа дека меѓу нив има и такви деца и лица со попреченост кои заради  здравствена  состојба имаат потреба од постојана придружба на родител или
асистент.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.