Не можете да покривате луксузни автомобили со некои тротинети за вработените. Грдоста на ДУИ не може да биде покриена ниту со пудра, ниту со боја или ниту со лаги, велат од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Набавката на неколку тротинети за вработените во Министерството за надворешни работи е само обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ. Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дибра, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили.
Сега кога министерот не успеа во секоја област на одговорност и ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, време е залудно да направи ПР со тротинети од 200 евра. Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери, стои во нивното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.