Потпишувањето на Договорот со Грција придонесе за зголемување на трговската размена меѓу двете земји и раст и на извозот, пишува премиерот на својот „Фејсбук“ профил.
Како резултат на потпишувањето на Договорот со Грција, трговската размена во 2018 година се зголеми за 15,8 отсто, а извозот порасна за 5,8 отсто. Во периодот јануари-мај 2019 меѓусебната трговска размена продолжи со позитивен тренд од 4,7 отсто, напиша премиерот Зоран Заев на својот „Фејсбук“ профил.
Утрово премиерот повторно се огласи на „Фејсбук“.
Странските директни инвестиции во бруто домашниот производ во Македонија во 2012 година учествувале со 1,5%, а во 2018 година со 5,8%, според извештајот на Светската трговска организација. Нашата држава е на добар пат!, пишува премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.