ЕУ се сомнева дали македонските институции од типот на правосудството, регулаторните тела, министерствата, навистина ќе функционираат добро. Дали ќе имплементирате европско законодавство? Зашто, ако не имплементирате европско законодавство, нема да може да се направи значаен напредок – рече Гералд Кнаус од Европска иницијатива за стабилност при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Кнаус додаде дека е доста скептичен за Македонија по последниот извештај на „Транспаренси Интернешл“, каде се најде на 111-то место.

Проблемот е кога тоа се пресликува во системот и корупцијата станува нормална појава. Тогаш никој не води истрага и смета дека тоа е нормална појава- појасни Кнаус.

Кнаус посочи дека потребно е систем на независни обвинители кои сериозно си ја работат работата и кои собираат сериозни докази кои на крајот ќе доведат до судска пресуда. Проблемот не е само во корупцијата туку најголем проблем е кога корупцијата не се казнува.

Но скептичен сум за вашите изјави дека има неколку големи процеси, па затоа земјата не треба да биде поканета во пристапните преговори за ЕУ – нагласи Кнаус.

Кнаус рече дека Владата треба доста сериозно да поработи на реформите ако сака датум за преговори.

Покажете дека имате независен судски систем и владеење на правото, кои се основен услов за станување на дел од пазарот – појасни Кнаус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.