Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција посочи дека во последните неколку недели имаме буквална експлозија на корона вирусот, но не само кај нас, туку во Европа, но и целиот свет.
Според податоците од СЗО, изминатата недела е забележан пораст на бројот на починати за 46%, во споредба со претходната недела, истакна министерот Филипче, читајќи статистика од земјите од регионот.
Тој уште рече и дека поради напливот на пациенти, Клиниката за интерни болести се претвора во Ковид центар.
– Најголем предизвик се сместувачките капацитети и недостигот на кадар. Во моментот имаме 12.762 активни заразени, а процентот на оние кои им е потребен е 7%, односно хоспитализирани се 890 заразени. Целата зграда на Клиниката за интерни болести ќе биде наменета за Ковид-пациенти. Целосно исполнети се Инфективната клиника и модуларната болница. Се активираше планот за интерните клиники, поради напливот на пациенти, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.