Секојдневно се нижат откази на медицински сестри поради лошите услови за работа во Клиниката за инфективни болести, а министерот за здравство Венко Филипче се покажа како лош менаџер како со епидемојата, така и со човечките ресурси и не успева да ги задржи и оние малку професионалци кои се останатаа во државата.

Медицинските сестри на Инфективната клиника кои ја имаат клучната улога во борбата против КОВИД-19 се најреволтирани бидејќи целиот товар во оваа Клиника паѓа на нивен грб и никој не го цени нивниот труд.

Дел од нив анонимно сведочат дека и покрај напорната работа не можеле да искористат ниту годишен одмор, бидејќи поради тоа што дел од нивните колеги си заминувале нивниот број бил намален.

На медицинските сестри надредените им вршеле и разни притисоци и и закани со дисциплински за да не даваат информации за тоа во каква состојба се наоѓа Клиниката но и покрај ова нивните проблеми испливаа на површина кога главната медицинска сестра која цели 28 години работела во оваа институција заедно со уште две нејзини колешки поднесоа откази.

Таа во барањето за напуштање на работата навела дека причините за отказ се многубројни, но меѓу нив се непочитувањето и дегардирањето на профилиот медицинска сестра како една од најважните алки во медицинскиот тим.

Но, отказите не завршија тука, па така вчера Алсат објави дека уште една медицинска сестра ја напуштила Инфективната клиника , а покрај неа, и нејзини колеги од одделението за КОВИД-19 се на работ да кренат раце.

Како што сведочи анонимно медицинска сестра за Алсат ситуацијата на Клиниката стана неподнослива како меѓу колегите, така и во однос со лекарите, а секое одење на работа било стресно бидејќи се соочувале со мобинг, притисоци и навреди како од надлежните, така и дури од некои пациенти.

Тие се жалат и дека парите кои ги добиваат од дежурствата не им стигаат ниту за средства за чистење и дезинфекција за да го зачуваат нивното здравје, а по отказот на нивните три колешки само две од нив се грижеле за сите пациенти во одделението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.