Дали изборите во СДСМ и сликањето на министрите дека гласале е поважно од справувањето со катастрофата во која сме и не знаеме како ќе излеземе од неа, прашува политичкиот аналитичар Сашо Клековски, кој гостуваше во вечерашниот „Дневник“ на „Сител“.
За мене поважно министерот за здравство Венко Филипче наместо да се слика како го пушта кандидатското ливче на избори со еден кандидат, да го видам да се слика во Брисел, во Берлин, во Пекинг, во Москва, каде било, како работи на обезбедување на пристојни количини на вакцини, рече Клековски.
Додава дека негово очекување е и дека Мила Царовска ќе излезе со план како во септември ќе имаме образовен процес со физичко присуство и одвивање на наставата, зошто не можеме да си дозволиме да имаме трета година со вонредна состјба во образованието.
Моето очекување е и Бујар Османи во Мадрид да не му е приоритет признавањето на Косово, кое секако не зависи од Македонија, туку приоритет да му е барањето на вкацини или Артан Груби и Арбин Курти од Приштина излезат со заедничка изјава не за пописот, туку дека Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и БиХ заедно ја повикаат Европската унија сега да ја демонстрира солидарноста со нас, потенцираше Клековски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.