Го молам Бугарскиот ПЕН да ја изрази својата спремност за дијалог, соработка и солидарност без да ја промовира официјалната државна теза дека Македонија е создадена врз бугарски темели и наследство, вели во својата колумна за „Нова Македонија“, академик Катица Ќулавкова, потпретседателка на Меѓународниот ПЕН, по повод писмото од 17.9.2021 година на бугарскиот ПЕН, во кое, како што потенцира таа – со добронамерна реторика исполнета со желба за соработка со Македонскиот ПЕН и македонските писатели, всушност, ја застапува официјалната теза на бугарските државни институции, политички партии и европратеници.
Таквата интерпретација е погрешна. Ние како Македонци имаме право на своја интерпретација на нашиот идентитет, историја, еволуција, фактографија. Допуштаме плуралитет на интерпретации, што значи дека апелираме и на сопственото право на интерпретација на историските факти и културното наследство. Бугарија денес прави историска грешка. Во составот на современата бугарска нација има многу Македонци по потекло, но со текот на времето се асимилирани. Впрочем, во Бугарија законите се такви, што за да се добие бугарско државјанство, граѓанинот е принуден да се изрази како Бугарин по потекло. Таков е случајот и со наводните Бугари во Македонија што имаат бугарски пасоши. Тие немаа друг избор, освен да се потпишат како Бугари по род за да добијат бугарски пасош и да се движат слободно низ Европа и светот, да работат и да бараат егзистенција надвор од Македонија, во којашто е веќе многу тешко да се живее на цивилизиран начин. Иронично е да се повикувате на бројот на издадени пасоши како на факт за идентитетот на Македонците. Македонците се веќе предмет не само на културоцид туку и на етноцид. Историјата се повторува. И Македонците ги негираат, зарем не?, пишува Ќулавкова.
Целата колумна на „Нова Македонија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.