Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук му посочил на специјалниот претставник на македонската Влада, Владо Бучковски дека, како постојан известувач на Европскиот парламент, ќе продолжи да работи за создавање план за соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Тој ќе има конкретни цели и програма за надминување на отворените билатерални прашања, што ќе овозможи официјално да започнат преговори за пристапување во ЕУ, пренесува „24 часа“, известувајќи за денешната средба во Софија.
Ќучук изјавува:
„Клучот за успешни добрососедски односи е да се изградат заеднички инфраструктурни, образовни и културни проекти што ги поврзуваат двете земји. Убеден сум дека многу наскоро владите на Бугарија и на Македонија ќе му свртат грб на национализмот и ќе се ангажираат во конструктивни преговори, бидејќи ѕидовите немаат место во нашите односи“.
Ќучук и Бучковски размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Според Ќучук, на Македонија ѝ е потребна политичка стабилност и силна проевропска агенда што ќе обезбеди продолжување на процесот на евроинтеграција, пишува „24 часа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.