Ќерката на Методија Андонов Ченто, Марија јакимоска, пишува дека нејзиниот татко од секогаш зборувал дека тие се Македонци, со македонски јазик и се борел за нивна заштита.
Така било и пред фашистичката окупација на Македонија, тогаш во рамки Кралството Југославија, кога Ченто се спротивставувал на обидите за наметнување ма српски јазик кај македонските деца во училиштата.
На 8 декември 1940г. за време на српската окупација на МАКЕДОНИЈА Татко ми МЕТОДИЈА ЧЕНТО присуствувал на родителска средба во прилепската гимназија – бил старател на негов братучед од Плетвар. На барајнето од директорот на гимназијата децата да зборуваат на својот мајчин српски јазик во училиште, а и дома Татко ми се спротиставвил. Господине директоре вие не можите од нашите деца да зборуваат на српски јазик бидејќи ние сме МАКЕДОНЦИ и нашите деца зборуваат на МАКЕДОНСКИ мајчин јазик и продолжил со дообјаснувајне, но при тоа бил брутслно нападнат претепан и затворен. По кратка постапка бил осуден и интерниран во Бајна Башта во Србија.
Таму го затекнала оупацијата на кралствот СХС. Од како извлекол жива глава, се вратил на 25 4 1941г во окупирана МАКЕДОНИЈА од Бугарија. По неговото одбивајне да биде кмет на Прилепи активно да учествува во политичкиот живот по некое време бил затворен па и два пати интерниран во Бугарија Заради својата јасно изразена МАКЕДОНСКА свест бил повеќе пати затворан и за време на српската окупација како и за време на Бугарската окупација Во октомври 1943г се приклучува на партизанското движејне. За се што е врзано за неговиот животен пат е многу напишано ова го пишувам дека тезата за постоејнето на МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК е од 1944г. е груба измислиица на негаторите на МАКЕДОНЦИТЕ – пишува Јакимоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.