Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека сака да ја продлабочи истрагата во случајот со вработувањето на ќерката на претседателот на Парламентот, Талат Џафери во ЕЛЕМ.

Ивановска вели дека ДКСК добиле информации од компанијата, но ги сметаат за недоволни.

Појасни дека според стручноста, ќерката на Џафери има завршено Правен факултет, магистрирала со 10 и поседува правосуден испит, но дека не се знае по кој критериум била избрана на конкурсот за вработување, и нема информации за останатите кандидати кои се пријавиле на конкурсот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.