Државната изборна комисија го извести Министерството за правда дека четири изборни единици се надвор од законскиот лимит на бројот на гласачи.

Конкретно, Шестата изборна единица има најголем број регистрирани гласачи, или 8.60 % повеќе од просекот, а втората единица има +5.74%. Третата и четвртата изборна единица имаат помалку од дозволениот лимит, – 7.64 % и – 6.36 % под дозволеното. Копија од писмото ДИК испрати и до Собранието на Република Македонија.

Во Избрниот законик во делот за Изборен модел, во член 4 став 7 се вели: Во изборните единици во Република Македонија бројот на избирачите може да отстапува најмногу од минус 5% до плус 5% во однос на просечниот број на избирачи во изборната единица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.