Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се обрати пред битолчани.

Јас во ВМРО – ДПМНЕ бев дел од првата генерација и бев во ВМРО – ДПМНЕ во втората генерација, а ја предводам третата генерација. И ние, господине Заев, вмровците не се откажуваме и никогаш нема да се откажуваме. Туку како секој лидер и претседател, се што било погрешно го прифаќам на себе и подготвен сум тоа што било погрешно да понудам да го исправам во мандатот доколку народот ми даде доверба. Јас не се откажувам и ние како ВМРО не се откажуваме од никого. За секој човек се бориме. Еден за сите, сите за еден, порача Мицкоски.

Потоа го праша Заев дали е подготевен да се извини кога ќе застане пред битолчани:

Дали, господине Заев, ќе соберете храброст да им се извините на битолчани за ТАТ? Дали, господине Заев, ќе имате доблест и храброст, да им се извините на битолчани со вашата заменичка која тогаш беше претседател на подмладокот на Бранко Црвенковски, за октоподот? Дали, господине Заев, утре кога ќе дојдете и ќе ги гледате битолчани ќе им се извините за транзицијата, за уништената економија, за тоа што доаѓаа со натажени погледи и ги гледаа своите чеда бидејќи нема да можат да им го платат школувањето? Дали за таа расипничка и разурнувачка политика, господине Заев, имате храброст да излезете и да се извините? Дали, господине Заев, имате храброст да излезете и да се откажете од Заев, оној кој што беше аболиран за сторен криминал од 8 милиони евра? Дали утре овде ќе се извините за Мирчо свињарникот и за евро за Вицето, евро за црквата, праша Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.