Текстовите на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи и на Предлог-законот за медијација се утврдени на 75-тата седница на Владата.

Како што информираат од Владата, на оваа седница бил утврден текстот на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи кој предвидува усогласување со реализацијата на Проектот и започнатата имплементација на Европскиот број за итни повици во Република Македонија, E-112.

Имплементацијата на овој проект, како што велат, има за цел ефикасен и целосен одговор при повик-јавување во случај на ризици, опасности или други несреќи на целата територија на Републиката за итно давање и пружање на помош на повикувачот или реакција во врска со пријавена опасност, од страна на Центарот за управување со кризи.

Овој број 112 е телефонски број за итни повици за граѓаните на Македонија, како и странции кои се наоѓаат на наша територија, а забележале настан со потенцијална опасност за животот на луѓето или материјалните добра. Овој број функционира во земјите на ЕУ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.