Кога вакцините ќе пристигнат во земјата и јас ќе се вакцинирам, порача на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев, на која со министерот за здравство Венко Филипче објавија дека веќе е уплатен авансот за нарачаните 833.000 дози вакцини.
Со тоа што ќе се вакцинирам сакам да дадам личен пример во борбата против пандемијата, истакна Заев.
Претходно, и Филипче и претседателот Стево Пендаровски, исто така, најавија дека ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат за да бидат пример пред граѓаните.
Заев, пак, пред само некој ден зборуваше дека согледал дека се случува колективен имунитет, бидејќи пола од неговото семејство било заразено, а мисли дека барем 50% од останатите имаат антитела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.