ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, рече денеска премиерот Зоран Заев, за изненадувањето што го најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но не откри за што станува збор. Рече само дека тоа ќе биде нешто „добро за државата“ .

Убава затоа што е целосно во корелација со работењето на Владата, споделено е со нас, убава е затоа што е модерна и соодветна за 21 век. Тоа е освежување и новина, рече Заев, но не откри детали бидејќи „тоа е агенда на ДУИ“.

На прашањето дали на локалните избори СДСМ и ДУИ ќе излезат со заеднички кандидат Албанец, премиерот рече дека не сака да шпекулира.

Ќе се пушти теза точна, неточна па ќе направиме од шлагче, црешка па правиме торта нема потреба од тоа. Во сабота е тоа и ќе видите дека е нешто добро за државата, вели Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.