Наскоро претседателот Ѓорге Иванов ќе биде соочен со неизбежноста да ја одигра „партијата на мандатот“. За само четири дена ќе стане јасно дали ќе се повлече и ќе се предаде или во стил на политичар од висок ков ќе го прекине политичкиот прогон и неправдите и на самото заминување ќе наметне политичко помирување.
Ова прашање е актуелно извесен период, но претседателскиот кабинет гласно одмолчува и не се впушта во дискусии на оваа тема.
Молчи Иванов, но не молчат и медиумите.
Костов: Одговорно тврдам дека Иванов нема законска пречка за помилување на осудените за 27 април
Според аналитичарот Сотир Костов, претседателот Иванов има право да ги помилува осудените во политичкиот процес за настаните од 27 април, како и другите жртви на политички монтираните процеси кои се водат против опозицијата. Главен аргумент во полза на повиците за амнестија и помилување е селективноста на власта, обвинителството и судството во изборот на жртвите за гонење, како и во веќе понудените амнестии.
– Остро се противам на селективната правда и на незаконската амнестија, со која, за едни се запреа процесите, а за други беа изречени драконски казни. Ако сакаме да кажеме дека сме праведно и хумано општество и правна држава, треба да се даде општа амнестија и општо помилување за настаните од 27 април, но и за политичкиот прогон против членовите на ВМРО-ДПМНЕ воопшто бидејќи сме соочени со инквизиција и средновековни постапки, а не со истерување на правдата, вели поранешниот обвинител во изјава за Република.
Иванов ужива поддршка од еден значаен дел од населението од кое уживаат подршка и луѓето кои се под политичкиот прогон. Ако сега не реагира Иванов, малкумина по добро ќе се сеќаваат на него.
Претседателските избори завршија, па така и темата која беше неминовен дел од кампањата на тројцата, односно двајцата претседателски кандидати повеќе не е таму тема, па разбирлив е молкот на Иванов, само доколку е тактички. Доколку молкот е план да се купат мирни денови пред заминувањето од функцијата, тоа ќе разочара многумина, особено од десницата која ќе е следна власт во земјата.
Во јавноста се шпекулира дека претседателот е под уцена и закана за политички прогон од актуелната власт доколку го прекине прогонот на осудениците.
Антикорупциска комисија ќе поведе две прекршочни постапки против претседателот Ѓорѓе Иванов поради поставувањето на генерали во армијата после распишување на изборите – 24 април 2019 година.
Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека ќе врши проверка на имотот на претседателот Ѓорге Иванов – 15 март 2019 година.
Од досегашната практика на власта, која го контролира судството, едно е јасно – доколку Иванов е под притисок со кој се обидува да му обезбеди мир на своето семејство по мандатот, оваа власт би ја задоволил само низок удар тогаш кога уценетиот претседател во заминување ќе го изневери и ќе го остави на цедило својот кампус политички поддржувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.