Потентниот некрофил на македонската политичка сцена повторно ја повикува смртта на претседателт на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Поранешниот новинар Бранко Тричковски овојпат објави поема „Погреб“, преку која испраќа порака преку која претскажува болна смрт на Мицкоски.

Зборовите на Тричковски се ништо друго туку говор на омраза кој го отсликува моменталното расположение на „Бихаќка“ и кој во земјава со години се толерира.

Тричковски ја илустираше смртта на Мицкоски и во април годинава, а МВР за тој статус поднесе кривична пријава, која очигледно не го спречува да продолжи да „шири навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија“.

За својата „ангажирана политичка проза“ Тричковски досега не бил санкциониран, а на менито му биле и Груевски и Иванов, Мизрахи, Милошоски односно сите со кои во даден момент не се согласувал Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.