Министерот за здравство Венко Филипче, денеска најави дека до Владата е поднесен предлог за измена на законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти кои се лекуваат од коронавирус.
„Денеска на главниот координатор на кризен штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во законот за здравствена заштита со кој на приватниите болници ќе се направи ограничување висината на наплата на финански средства за времетраење на кризата, поточно за лекување на коронавирус. Го слушнавме апелот на граѓаните, и веќе утре на владата ќе го поднесеме предлог законот за здравствена заштита“, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.