Дали претседателот Ѓорге Иванов ќе се издигне над уцените на владејачката СДСМ и Антикорупциската комисија и во име на највисокиот орган во државата – Претседател на Република Македонија, ќе ги спроведе до крај своите обврски или ќе се предаде и ќе дозволи толку многу луѓе да гнијат по затворите. Ќе стави ли крај на партизираното судство и политичкиот прогон на обвинетите или осудените во случаите на СЈО, но и на ОЈО.
Му останува нешто повеќе од еден месец за да ја спроведе постапката за помилување. Инагурацијата на Иванов беше на 12 мај 2014 година, па по вториот круг од претседателските избори закажани на 5 мај завршува и неговиот мандат. Согласно Законот, ингеренциите на Иванов не се менуваат пред истекот на мандатот, така што тој сѐ уште има можност да ги помилува поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, потоа Јане Ченто, Горанчо Ангеловски, и сите осудените со енормно високи казни, да ги аболицира обвинетите поранешни градоначалници, ексфункционери на кои им се става на товар 27 април и сите жртви на политичкиот прогон на СДСМ и, како што ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува, Рускокса обвинителството и Кацарска судството.
„27 април“
Случајот „27 април“ несомнено ќе биде запишан во историјата. Но, ќе се изучува и во правото, по многуте политички преседани кои им пресдудја на правото и правдата.
Во овој случај веќе има лица кои се осудени и издржуваат затворска казна, првостепениот суд им одреди 211 години вкупна затворска казна на шеснаесетмина, а 12 обвинети лица обвинети од предметот 27 април добиjа решение за амнестија.
Вратарите на злото, како што ги нарекува јавноста, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, добија милост од државата, а за возврат обезбедија двотретинско мнозинство за промена на уставното име.
Она што останува неодговрено е прашањето дали Иванов можеше да го спаси уставното име ако ги аболицираше шесте пратеници. Ако тогаш го имаше спроти себе меѓународниот фактор, денес претседателот Ѓорге Иванов е сам против уцените на СДСМ.
Селективните амнестии во македонската историја
Македонската историја познава многу случаи на селективни амнестии. Беа амнестирани борците на ОНА, вклучувајќи ги и хашките случаи, беше амнестиран Руфи Османи за веењето на знамето… Зошто да не бидат помилувани и осудените кои влегоа во собрание во знак на револт од незаконското и неуставното назначување на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија кои не беа опфатени со селективниот закон за амнестија на Заев?! Вака дадената амнестија, која ќе биде предмет на оваа аргументирана критика, е без преседан во досегашната наша правна историја.
Повеќе за амнестиите во македонската историја ТУКА
Амнестирање пред крајот на мандатот – примери од светот
Праксата да се помилуваат затвореници на последниот ден на мандатот на претседателот е добро позната во САД. Претседателот Барак Обама во јануари 2017 година, неколку дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател, му ја намали казната на Челзи (Бредли) Менинг, осуден на 35 години затвор поради предавањето на стотици илјади документи од американската дипломатска служба на мрежата Викиликс. Според образложението на претседателот, Менинг добил драстично повисока казна од казните што ги добивале други лица кои споделиле доверливи информации со јавноста.
Неговиот претходник Џорџ В. Буш, во последниот месец од својот мандат помилува дваесетина затвореници осудени за разни кривични дела, од поседување на дрога и оружје до бизнисмен кој се обидел да прошверцува воени авиони во Израел.
Претседателот Бил Клинтон во јануари 2001 година, непосредно пред стапувањето на Буш на власт, помилува над 450 затвореници, меѓу кои и својот полубрат Роџер Клинтон, кој одлежал казна за шверц со дрога, а со помилувањето кривичното дело беше избришано од неговото досие. Клинтон го помилува и милијардерот Марк Рич, осуден за неплаќање данок, како и двајца членови на терористичката група Ведер Андерграунд.
Во Европа, голема претседателска амнестија одобри чешкиот претседател Вацлав Клаус, непосредно пред да ја напушти претседателската палата во 2013 година. Клаус им одобри помилувања на над 6.300 лица – една четвртина од сите затвореници во земјата, додека многу други добија намалени казни.
Костов: Одговорно тврдам дека Иванов нема законска пречка за помилување на осудените за 27 април

Според аналитичарот Сотир Костов, претседателот Иванов има право да ги помилува осудените во политичкиот процес за настаните од 27 април, како и другите жртви на политички монтираните процеси кои се водат против опозицијата. Главен аргумент во полза на повиците за амнестија и помилување е селективноста на власта, обвинителството и судството во изборот на жртвите за гонење, како и во веќе понудените амнестии.
– Остро се противам на селективната правда и на незаконската амнестија, со која, за едни се запреа процесите, а за други беа изречени драконски казни. Ако сакаме да кажеме дека сме праведно и хумано општество и правна држава, треба да се даде општа амнестија и општо помилување за настаните од 27 април, но и за политичкиот прогон против членовите на ВМРО-ДПМНЕ воопшто бидејќи сме соочени со инквизиција и средновековни постапки, а не со истерување на правдата, вели поранешниот обвинител во изјава за Република.
Според Костов, само со вистинска правда и запирање на политчики водените судски процеси, може да се отвори простор за помирување меѓу Македонците. Според Костов, претседателот Ѓорге Иванов ги има сите потребни уставни и законски овластувања да преземе ваков чекор.
– Одговорно тврдам дека правна, законска пречка за помилување не постои, вели Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.