Метежот на дел од избирачките места ја натера Државната изборна комисија да донесе едногласна одлука дека на сите гласачи кои најдоцна до 19 часот ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место ќе им се овозможи да гласаат и по 19 часот, кажа претседателот на Државната изборна комисија, Алекандар Даштевски на прес-конференција пред малку.
Тој вели дека метежот на избирачките места настанува поради три причини: избирачкиот список има двојно повеќе страници за разлики од претходните избори и проверката оди побавно, потоа, како што вели Даштевски, една четвртина од отпечатоците на прсти на гласачите кои ДИК ги добила од Министерството за внатрешни работи се со лош квалитет па и утврдувањето на отисоците оди бавно. Како трета причина ги наведе ковид-мерките. Тој повтори дека на општинските изборни комисии им е пратено упатство, избирачките одбори во просторијата за гласање да пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.