Штипскиот градоначалник Иван Јорданов денеска се сретна со претставници на бизнис секторот во Општина Штип. На средбата, како што кажа, имале можност да го презентираат нивниот план за развој на градот, да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат претставниците на бизнис секторот, да ги усогласиме можностите и потребите на Општината, со оние на бизнис секторот, сѐ со цел да допринесат за поголем развој.
Да дадеме вредност во развојот на општина Штип во отворање на нови капацитети во отворање на нови работни места, практично она коешто е наша обврска. Денес почнуваме активно да работиме на тоа во насока на формирање на Економски совет на Општина Штип којшто ќе даде директен стимул и поддршка на бизнис секторот но исто така и да ги вклучиме и тие активно да делуваат во општеството, во нашиот град, во креирање на нови работни места и во развојот, најави Јорданов.
Заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов остваривме средба со стопанска комора во Штип.
Градоначалникот истакна дека ќе биде формиран и Економски совет, тело коешто очекувам значително да ја подобри соработката помеѓу бизнис заедницата, односно стопанствениците и општина Штип и да продолжи она коешто сите ние го очекуваме, а тоа е да продолжи нова и подобра иднина за Штип и за Македонија, информира и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.