Натпреварот на македонската фудбалска репрезентација против Холандија денеска на грчката национална телевизија беше пренесуван со кратенката НМК-НЕД.
Според Преспанскиот договор кратенката НМК, од North Macedonia, важи само за регистерските таблички, но за сите останати намени кодот останува МКД и МК.
д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).
Претходно, УЕФА ги отфрли грчките поплаки за името на Фудбалската федерација на Македонија и дресовите на македонските репрезентативци.
Но, премиерот Зоран Заев, сепак, побрза да се оправда пред неговите грчки „пријатели“ и потенцираше дека ќе го смени името штом стигне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.