Еден од најголемите поддржувачи на СДСМ и Зоран Заев новинарот Бранко Тричковски со нови навреди за Рашела Мизрахи и за револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев.
Според Тричковски Гоце Делчев и Даме Груев никогаш не се бореле туку загинале додека биле пијани или имале секс.
Во пост во кој го коментира заминувањето на Рашела Мизрахи на коњ кон Крушево во чест на 117 години од Крушевското востание Тричковски со навреди и за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ но и за апостолите на македонската револуционерната борба.
Вмороните се собирале на Витоша, како што денеска во Крушево се собира четата на Рашела Мизрахи. Потоа го викале Бимбо од Софија да ги слика. Така амфитеатрално исполегнати на некоја ливатка окружена со корија. Веднаш по фотосесијата го враќале оружјето на интендатурата на бугарската армија и оделе да пасат говеда, да садат тутун или да питачат по софиските улици. Имало неколку чети за тероризирање на македонското население, но ниту една не била обучена за борба против османското присуство. Ниту пак некогаш, некаде отишла да се тепа. Тие што испозагинале или на е*ење, како Гоце Делчев или како Даме Груев на препивање. Тоа е, не се Рашелчето заебава со историјата на вмро, туку историјата на вмро се заебава со сите нас, пишува Тричковски на Фејсбук.
Во врска со Мизрахи тој во обид дополнително да ја навреди во друг статус за одење на Мизрахи кон Крушево на коњ пишува дека на враќање имало договор коњот да ја јава неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.