Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струга Јован Јаулески утрово информира дека четворица припадници на Финансиската полиција упаднале во неговиот дом за да вршат претрес. Во изјава за МКД.мк, тој вели дека ова се класични потези на очај на режимот во паѓање.
Ова е хунта, се работи за обид за притисок врз моите родители на денот на гласањето за недоверба на оваа влада. Покажаа налог од Основен суд, извршија претрес, му го земаа мобилниот, рекоа дека се работи за предистрага, направија некои записници и си заминаа. Татко ми работи во ЕВН. Ова не е случајно. Ова е очигледен обид за вршење притисок врз мене пред денешното гласање. Ова го нема ни во најлошите режими, како да сме Северна Кореја. За што и да е, не се прави тоа така, вели Јаулески.
Дека не станува збор за случајност говори и снимка објавена пред избори на која директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми се заканува со инспекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.