СДСМ повторно ќе се обидат да играат на онаа проверена карта, картата на кратко помнење, ќе се обидат со некоја шарена лага ветувајќи им на граѓаните дека ќе оделе напред, се разбира со Зоран Заев и со Стево Пендаровски, едниот со инспекторите под мишка и евро по евро во торбичката народни пари украдени од граѓаните, а другиот слугувајќи му на првиот ќе не убедува дека блескава иднина не чекала само што требало него да го избереме и веднаш ќе ни тргнело. Но заборава истовремено да им каже на граѓаните, на сите оние шарени лаги кои што изминативе три години ги слушавме на плоштадите на улиците во Република Македонија, ветувајќи се и сешто само за да дојдат до тие пусти привилегии, за таа пуста власт и за пусти пари, изјави на митингот во Центар лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека првиот голем чекор на народот ќе биде на 21 април, вториот на 5 мај со победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори, а третиот ќе биде победа на предвремените парламентарни избори и формирање на влада на Република Македонија која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Тогаш ќе започне вистинската битка за Македонија на секое поле за секој еден човек, затоа што ќе треба од пепел да ја креваме Македонија, потенцираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.