Највисоките научни институции во Македонија, оние кои најдобро може да оценат и пресечат за македонската историја, култура, лингвистика, застанаа во одбрана на сите идентитетски прашања кои Бугарија, заедно со Зоран Заев, се обидуваат да ги поткопаат.
Следејќи ги своите и бизнис интересите на неговото семејство, Заев се обиде да релативизира клучни историски настани и личности, но остана сам во својата борба.
Со „Промеморија за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ“, Македонската академија на науките и уметностите декларираше дека ја Претседателството ги поддржува напорите на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ, но не по цена на македонскиот идентитет и достоинствo.
Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа потенцираше дека никогаш и од никој не смеат да се премолчат окупаторските години на Бугарија врз Македонија.
Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, наведува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соопштение во кое потсетува дека УКИМ е продолжувач на традицијата на сесловенските просветитeли и најголем и најстар универзитет во македонската држава, во чии организациски единици се истражуваат, се проучуваат, се негуваат и се афирмираат македонскиот јазик, македонската историја и македонското културно и духовно наследство.
Од Институтот за национална историја велат дека не може да не реагираат во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација.
Дури и самите членови на Комисијата за историски прашања со Бугарија реагираа на интервјуто на премиерот.
Група историчари од поранешните југословенските републики Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Србија, со потпишување заедничка Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“, исто така реагираа на злоупотребата на историјата во процесот на европските интеграции на Македонија од страна на Бугарија.
За македонско-бугарските односи свое писмо испрати и Советот на амбасадори, од каде порачаа историската наука го дала својот збор за состојбите во земјава од 1941 -1944 година и оти политиката би требала да се занимава само со сегашноста и иднината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.