Со 38 новозаболени лица во последното деноноќие, во Македонија не само што не се смирува, туку коронавирусот се шири исто како во екот на епидемијата. Три нови починати има денеска, осум вкупно оваа недела. 121 лице го загубиле животот.
И покрај ова, од вчера во земјата веќе нема рестрикции за движење, кафулињата и кафаните денеска се отворија, а власта упорно нè убедува дека сè е под контрола.
Одлуките се донесени врз основа на стручно мислење и од две суштински причини – состојбата е под контрола и бројот на активни случаи е стабилен. Високото стручно и професионално ниво и подготвеност ни дава за право дека здравствениот систем е поставен така да може да успешно да одговори на предизвиците, порача на прес-конференцијата на која ги најави олабавувањата на мерките техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Спасовски и денеска потврди колку на СДСМ им се брза на избори, со нови негови толкувања на изборниот законик и уставот.
Но, како докотри кои положиле Хипократова заклетва, како Комисија задолжена за добробитот на населението во време на епидемија, какво оправдување за овие потези имаат министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски?
Ќе одговараат ли за денешните случаи и за секој нареден, имајќи предвид дека допрва ќе ги видиме резултатите од ифтарските вечери и прославувањето на Рамазан Бајрам?
Државата се надрасна себеси – во делот на струка, наука, компетенција, едукација, третман, епидемиолошки надзор, за што ни оддава признание и Светската здравствена организација, гордо соопшти докторот.
Во реалниот свет, нештата се поинакви.
Податоците од „Worldmeter“ се едни од многуте кои покажуваат дека Mакедонија има убедливо најлоши резултати во справувањето со коронавирусот.
По бројот на заразени лица на еден милион жители само Србија има поголем број на случаи. Ние имаме 967 а тие 1284.
Во однос на починати лица, Македонија повторно е на врвот. Само Романија има поголем број на починати на милион жители, додека останатите земји се движат околу 20.
Иако министерот за здравство Филипче тврдеше дека Македонија е на врвот по направени тестови, вистината е дека сме на долниот дел. Зад нас се само Бугарија и Албанија, а рекордер е Словенија со над 37.000 тестови.
Во Хрватска и денес нема регистрирано новозаболени, а само вчера во Србија биле направени 5.714 тестови!
Во Македонија во изминатото деноноќие починаа тројца пациенти, а 25 се новозболени. Со ова бројот на починати лица како последица на компликации од коронавирусот се искачи на 119, а вкупниот број на случаи е 2.039.
За споредба, Хрватска, земја со повеќе од два пати побројно население, има вкупно 2.244 случаи, од кои 2.041 се оздравени. Вкупниот број на направени тестови им е 64.266.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.