ВМРО-ДПМНЕ е првата политички партија која промовираше шпицен кандидат за премиер. Добро е што и ДУИ сака да излезе со свој кандидат за премиер, ама тоа треба да биде мултиетнички, а не моноетнички концепт, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ за иницијативата на ДУИ за прв Албанец премиер.

Сите партии кои ценат дека нивните програми се блиски со програмата на ВМРО-ДПМНЕ се добредојдени за преговори за коалиција, но не и оние што поставуваат ултиматуми и даваат изјави како од минатиот век. Пограмата која ќе биде програма на победничката коалиција, ќе биде основа за било какви преговори, рече Мицкоски за коалицирањето по изборите на 15 јули на кои очекува да победи неговата партија и Коалицијата „За обнова на Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.