Коалиција со албанските партии за ВМРО-ДПМНЕ е можна, но само доколку се постигне договор законите да владеат на целата територија на земјата, посочи вечерва во Топ тема претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Јристијан Мицкоски. Мицкоски рече дека неговата партија ќе преговара со албанските партии цеднаш по изборите, но само ако се постигне договор за еден од главните столбови – правната држава.

Мицкоски додаде дека за пример дека има една околна скопска општина каде што данок на имот на годишно ниво собира 1000 евра.

Едно е да се зборува, а друго е како е на терен. Во друга општина, во Западна Македонија, македонските ученици учат во училиште во супстандарни услови, односно не во училиште туку во бараки. И две години се најавува дека тоа училиште ќе биде реконструирано. Јас се борам за сите граѓани. А видам дека Роми, Турци, Албанци живеат или учат во супстандарни услови, и за нив ќе се борам, нагласи Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.