Ќе понудиме решенија за секој проблем на граѓаните, имаме обврска да ја смениме повеќедецениската слика за политичарите во Македонија кои во голема мера го разочараа народот и го ставија во апатија, вети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во велигденското интервју за Прес 24.

Во интервјуто зборува за претстојните претседателски избори, за претседателските кандидати, политичките потези на актуелната влада предводена од премиерот Зоран Заев, но и за тоа што ќе им понуди ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните по предвремените парламентарни избори.Овие избори за Мицкоски не се само битка за претседател, туку и битка за изгубените политички принципи и вредности.

Овие избори не се само претседателски, туку на овие избори навистина се одбира правецот во кој ќе се движи нашата земја. Сметам дека имаме обврска да ја смениме повеќедецениската слика за политичарите во Македонија кои во голема мера го разочараа народот и го ставија во апатија. И ова за мене не е само битка за претседател, туку битка за принципи и вредности кои се загубија во политиката и дека можен е морал и вредности и дека вреди да се бориме за нив. Ова е битка е на секој еден кој е обесправен, кој почувствувал на своите плеќи неправда кока знае да боли и пече, кој го гуши системот и разочарува реалноста.

Големиот број на граѓани кои не излегоа на изборите не е само тоа дека не сакаат избори, туку луѓето станаа апатични поради реалноста која ни се случува. А погледнете што се само се случи изминатите неколку години, политичка криза, промена на име, идентитет, криминални скандали, непотизми, убиства, амнестија на криминалци, неправди. И токму оние кои го донесоа ова сакаат граѓаните да станат идниферентни, за да им помине се полесно. Ова е битка на мојата генерација, на оваа генерација млади луѓе кои сакаат да сменат нешто. Ова е битка на душата и разумот, за држава која сакаме да ја стабилизираме вредносно и системски. Правда е потребна зошто има неправда и таа се чуствува од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Куманово, низ целата земја. Нема правда без одговорност, а одговорноста мора да дојде, без оглед за кого се работи, вели Мицкоски.

Зборувајќи за решенијата кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека прво очекува победа на претседателските избори, и потоа предвремени парламентарни избори на кои Заев ќе биде соборен од власт.

Ние не се бориме за гола власт, туку за власт која ќе носи решенија, во образованието, здравството, социјалата, економијата, ќе го поддржи бизнисот. Ние не застанавме и подолжуваме да работиме на обемна програма која независно кога ќе има избори ќе ни биде готова и ќе ја понудиме на граѓаните. Ветувам решенија за секој еден проблем. Решенија кои директно ќе им помогнат на граѓаните и кои ќе бидат издржани. Сакам да знаат луѓето дека кога нешто ќе ветиме ќе го исполниме и Македонија има надеж, таа надеж нмие ќе ја донесеме. За да се случи тоа треба да победи правдата.


Целото интервју ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.