Јавното обвинителство и Љубомир Јовевски не можат да постапуваат по наредби на осомничената Јанева. Јовевски не смее да прима наредби од лице во притвор, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.

Дали доколку Јанева нареди приведување на Рускоска од затвор Јовевски ќе постапува по однос на истото и ќе го процесуира до суд!? Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта. Пратеничката група на СДСМ треба да покаже доблест, доколку ја има и да постапи по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на Катица Јанева. Со Јанева како официјален носител на функција од притвор ѝ се остава простор за маневар и свесно давање наредба за дејствија со кои се прикриваат докази или се носи истрагата во друг правец. Јанева е лицето преку кое е вршен милионскиот рекет за потребите на власта и таа не смее да има овластувања од политичко-правна природа, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат Дали СДСМ чека Јанева да преземе уште некое дејствие, по што ќе биде однесена истрагата во друг правец далеку од Зоран Заев и врвот на власта.

Собранието треба да постапи единствено по насока на веќе донесените одлуки на ЈО и Комисијата за избори и именувања на Собранието. Секое одлагање на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот. Потребно е разрешување на Јанева веднаш, формирање на независно ЈО и распишување на предвремени парламентарни избори час поскоро, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.