Нарачуваат анкети на сдсмовските медиуми, на кои водат. Притискаат, уценуваат, се закануваат, но не разбираат дека вистинската анкета ќе ја видат на 21 април, кога најголемата коалиција во Македонија ќе им ја испорача вистинската анкета – дојде време за политичка пензија, пораача вечерва од Крушево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во предизиборната кампања за претседателските избори.

Тој му вети на Заев дека политичката пензија нема да му биде спокојна, бидејќи за сиот криминал и за неправдата, омаловажувањата ќе одговораат од првиот до последниот.

Ќе имате време таму и за потпевнување и за бодрење, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.