Иако Зоран Заев не чувствува одговорност за лажните разговори со кои и нанесе меѓународен срам на земјата, не гледа одговорност ни кај своите советници, пр-тимот. Но граѓаните не сметаат така. Тие велат дека ова е невиден срам за кој одговорност мора да има:

  • Затоа кај нас циркус не доаѓа, ние одамна живееме во него…
  • Кога се опкружуваш со твитерџии, инфлуенсери, фраери на батерии, аматери и медиокритети, луѓе кои ПОЈМА НЕМААТ што се државни работи и протокол, ќе промашуваш знамиња, ќе примаш медаљи од лажни кралеви и принцови и ќе разговараш со руски преваранти. Единствено е делот на отворениот пристап, начинот на моето живеење и однос, како јас функционирам.
  • 56 советници! Со зборови: ПЕЕСЕТ И ШЕСТ СОВЕТНИЦИ!
    И три пати Премиер загазува на комедијанти?
    Дане Талески, Бојан Маричиќ, Забрчанец, Бојаровски, Иванна, Мерсел Биљаљи, Исмет Рамадани, Александар Обрадовиќ, Ѓорѓи Калајџиев, Александар Спасов, Џабир Доко …
    Ало буџетари, има некој?
  • Искрено веќе не е ни смешно.
    Не е смешна оваа општа мизерија, оваа неспособна влада, овие советници кои појма си немаат што прави премиерот на државата.
    Повеќе не е смешна оваа нормализација на константното бламирање и генерално неработење.
    Нема пренк овде, ова е суровата реалност, за кој и со каков памет владее со ова земја, носи одлуки како ќе му прдне, штити и промовира неспособни, неморални и криминални глави, не презема одговорност и не менува ништо важно.
    Опасната брука лежи во таа лесноумност и недокваканост.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.