Молк од владата откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изнесе нови информации за односите со Бугарија. Mицкоски го праша министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точно дека за време на последната посета на Софија добил „непристоен предлгог“ поврзан со Договорот за добрососедство.

Конкретно, Мицкоски рече дека колешката на Османи, Екатерината Захариева се залагала за нов договор сличен на тој што го имаме со Грција кој во најголема мера би бил поврзан со македонскиот јазик и со неговото постоење.

 

Дали е точно дека барањето од страна на колешката на Османи, Захариева било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите-откри Мицкоски.

Со ова се потврдува дека Заев со потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бојко Борисов не само што не го реши проблемот со Бугарија туку уште повеќе ги искомпликува односите.

Барањата на Бугарија се јасни и гласни- да прифатиме дека Гоце Делчев е Бугарин и дека македонскиот јазик датира од 1945 година и е бугарски дијалект. Без овие две прашања бугарските власти се сериозни дека нема да има почеток на преговорите за Македонија.

Затоа Османи не треба да се однесува како член на ДУИ туку како министер за надворешни работи и да каже дали ова е навистина новото барање од Софија. „Не коментирам шпекулации“ не е одговор.

Ако е, на граѓаните им должат објаснување дали се подготвени да прифатат нови уцени и како мислат да ги спроведат уставните измени за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Дали тоа ќе биде на истиот начин како при гласањето за промена на името кога се уценуваа пратеници. Но, сега работите се сменети и власта не може да дојде ни до  61 пратеник да започне обична седница а камоли да дојде до магичната бројка од 80 гласови.

Но, со Заев и останатите се е можно.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.