Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 го искажа своето мислење за одложувањето на пописот.
Тој истакна дека е против одложување на истиот, и смета дека истиот треба да се спроведе според првично предвидениот рок.
– Јас сум против одложување на пописот. Ние сме имале избори сред пандемија. Пописот е индивидуален акт, попишувачот оди кај семејството и согласно протоколите прави регистрација, однсоно попис. Ова е мое мислење и сметам дека нема потреба да се одложи. Сепак, ќе има процедура за ова и ќе видиме како ќе помине. Повикувам на почитување на Закон и на Устав, не е важно дали јас сакам или не – рече Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.