Државното електростопанство ќе мора да распише уште еден тендер  за набавка на јаглен за термоелктраната Битола, бидејќи на последниот тендер компаниите не понудиле доволни количини. Количините понудени за термоелктраната Осломеј се според барањето, соопшти денеска ЕСМ.

Оттаму соопштија дека на јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори. Вкупно  5 понуди за јаглен се дадени за РЕК Битола, а  8 понуди се дадени  за РЕК Осломеј.

– Во прва фаза утврдено е дека за Осломеј понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК Битола понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен – информираат од ЕСМ.

Од компанијата велат дека во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК Битола и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет.

Од компанијата, меѓутоа, но не кажуваат кога и дали навреме ќе биде обезбеден јаглен за оваа термоелектрана која е единствен производител на електрична енергија во моментов. ТЕЦ Осломеј се пушта да работи повремено.

На повикот, како што е соопштено, пристигнати се понуди за јаглен од 3 македонски рудници, потоа од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.

– Сега следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават и потоа одлука  за избор – велат од ЕСМ.

ЕСМ распиша оглас за набавка на 1,2 милиони тони јаглен за потребите на РЕК Битола и на ТЕЦ Осломеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.