Излегува на површина несериозноста на власта и министерката за образование и наука Мила Царовска. Секојдневно расте бројот на заразени од ковид-19 низ училиштата во државата. Ќе има ли одговорност за ваква состојба во македонските училишта и кој ќе одговара за зголемениот број на заразени ученици и наставници, се само дел од прашањата кои деновиве се поставуваат откако излезе информација дека за само две недели од учебната година 65 наставници и 42 ученици се активни случаи на корона вирус, од кои 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно додека пак 47 наставници се од основното, а 18 од средното образование.
И покрај тоа што од МОН во однос на активните случаи во основното образование излегоа со образложение дека во сите случаи се почитувани препораките од центрите за јавно здравје и е постапено согласно алгоритмите, револтот на родителите дополнително расте.
Загрижени родители стравуваат дека ваквиот број ќе се зголемува и наредниот период, а ниту министерката Мила Царовска ниту пак владата нема преземено соодветни мерки за заштита од КОВИД 19, бидејќи како што велат овие мерки кои што сега се преземаат покажуваат дека немаат соодветни резултати.
Ако сакаше Царовска можеше да побара да се изврши скрининг на наставниците кои држат настава со физичко присуство. Нивниот број е многу помал, на таков начин ќе можеше барем да се направи една превентивна заштита од непосакуваните последици. Но, не го направија ни тоа. па еве ги сега резултатите излегуваат на површина. На само две недели после почетокот на учебната година се соочуваме со зголемен број на заразени во училиштата, стравуваме дека ова може вака да продолжи и во наредниот период, никој не гарантира дека нашите деца се безбедни во училиштата, изјави еден загрижен родител на дете кое моментално се наоѓа во изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.