Министерот за информатичко општетсво и администрација, Дамјан Манчевски во гостување во телевзија 24 рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери.

Оваа Влада добро се справи со ковид-19, а секако дека клучно ни беше дневното информирање кое го правеа здравствените работници, а клучна улога одиграа и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат. Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР – конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува. А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции, рече Манчевски.

Но, според информациите на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче ниту завчера, ниту вчера нема новозаразени од коронавирусот од Струга.

Од литијата, која се одржа на 7 мај, поминаа повеќе 14 дена, а до сега, инкубацијата веќе би требало да е помината. Во целиот регион на Струга има само 5 активни случаи на пациенти кај кои сѐ уште е присутен вирусот.

Дали со овие лажни вести Манчевски сака да го обвини министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев за непостапување во однос на мерките поврзани со коронавирусот? Дали шири вести од паника или да предизвика паника?

Мотивите се небитни. Факт е дека Дамјан Манчевски, министер во владата на СДСМ, шири лажни вести.

Сајтот vistinomer пред два месеци има објавено истражување направено по пребарување по Кривичниот законик, каде јасно се наведува дека граѓаните или медиумите што шират лажни вести поврзани со вирусот „Ковид 19“ можат да добијат од парична казна до затвор помеѓу една и пет години. Меѓу граѓаните, секако, е и Дамјан Манчевски, чии изјави треба да бидат уште посериозно сфатени бидејќи тој е владин министер.

Граѓаните и медиумите би можеле да добијат кривични пријави поврзани со невистини за „Ковид 19“, т.е. ширење лажни вести врз основа на постојни членови во Кривичниот законик (КЗ) на Република Македонија.

И претходниот, но особено дополнетиот Кривичен законик од 2018 година, има неколку членови по кои може да се постапува во ваков случај.

Во Глава 21 од КЗ, означена како Кривични дела против здравјето на луѓето, полицијата го има на расплагање на пример, Член 205 став 5 од КЗ, во кој се наведува:

Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеца.

Но, полицијата би можела да се повика и на друг член, кој е насловен во КЗ како ширење на расистички и ксенофобичен материјали по пат на компјутерски систем. Иако, се чини не е поврзано со општото здравје, ако се погледне членот може да се најде врската – ширење ксенофобија кон лица поради нивната здравствена состојба. Во првиот став од Членот 394 г се наведува:

(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Под компјутерски систем секако спаѓаат и социјалните медиуми. Но, доколку таквите вести бидат проширени од другите средства за јавно информирање, важи истата казна и тоа е ставено во ставот два:

(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.