Се случила жестока расправа на седницата на Влада поради воведувањето на полицискиот час од четврток до понеделник – објави Курир.
На отворената дебата на Владата министерот за внатрешни работи на Македонија Наќе Чулев остро се спротиставил на ова одлука образложувајќи дека оваа мерка е неумерена. Тој алудирал дека се уште нема реален параметар колку таквата рестриктивна мерка ќе даде резултати.
По ова техничкиот премиер Оливер Спасовски ја одложил точката и за истата ќе се расправа во текот на неделава.
Инаку граѓаните секојдневно се во исчекување на донесената одлука на Владата во врска со првомајскиот празник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.