Процесот на ратификација на Протоколот за членство во НАТО, според Илден, тече без пречки, но во зависност од политичките збиднувања во одредени држави, тоа може да доведе само до календарско поместување во однос на приемот во членство, изјави вчера Таџан Илден помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.
Со ова се потврдија пишувањата на Пресинг ТВ дека Македонија во декември кога се одржува самитот на Алијансата нема да стане 30-та членка на НАТО.
Причините за тоа не се политички туку технички. Досега 22 земји го имаат ратификувано протоколот, а во 6 процедурите се во тек. Најпроблематична е Шпанија поради тоа што во моментов нема влада.
Изборите се закажани во ноември и тешко е да се очекува дека до крајот на годината ќе се формира Паралементот и да го усвои протоколот за наше членство. Во дипломатски гругови како датум кога Македонија би можела да добие покана за прием се споменува почетокот на мај 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.